Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Доколку странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека распоредувањето странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва.

„Кремљ ќе го смета доаѓањето странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа. Додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина.

Како дел од напорите да се гарантира безбедноста на Украина по каков било потенцијален мировен договор, европските лидери предложија испраќање мировни сили во земјата, потсетуваат медиумите. САД ја отфрлија можноста за испраќање свои војници, но Велика Британија и Франција се меѓу земјите во Европа кои ја разгледуваат можноста.

Британските медиуми минатата недела објавија дека 20-ина земји, главно од Европа и Комонвелтот, покажале интерес да се приклучат на т.н. коалиција на спремни, која би ѝ дала помош на Украина. Иницијативата за формирање таква коалиција доаѓа од Британија, поточно од кабинетот на британскиот премиер, Кир Стармер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +