Максималната цена на евродизелот во Македонија изнесува 94,50 денари за литар, додека бензините БС-95 и БС-98 имаат ценовен плафон од 86 и 88 денари. Екстра лесното масло за домаќинствата е ограничено на 103,50 денари за литар.
Новата пресметка се очекува во понеделник, 16 ноември. Дотогаш важат последните утврдени максимални цени, а бензинските станици можат да продаваат и по пониска цена. Дали ќе има промена и колкава ќе биде таа ќе се знае по објавувањето на одлуката.


