Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Финска и Украина потпишаа договор за одбранбена соработка

Финска и Украина потпишаа билатерален договор за соработка во одбраната, соопшти финското Министерство за одбрана.

Двете земји се согласија да ја продлабочат одбранбената соработка, вклучително и во однос на вооружувањето, размената на разузнавачки информации и производството на муниција, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството најави и дека ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вредност од речиси 200 милиони евра, вклучувајќи артилериска муниција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК