Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

Полицијата во изминатото деноноќие лишила од слобода 11 возачи на различни локации низ Македонија поради сомнение за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР. Пет лица биле затекнати без положен возачки испит, три управувале под дејство на алкохол, две лица возеле и покрај активна забрана, а кај едно лице било утврдено пречекорување на дозволената брзина.

Меѓу возачите без положен испит имало лица од тетовско, Штип и Радовиш. Во еден од случаите полицијата утврдила дека возилото било нерегистрирано, а возачот и под дејство на алкохол. Меѓу приведените поради алкохол биле возачи од Прилеп, скопско и Охрид.

Двајца возачи од делчевско и Струга управувале возила и покрај изречените забрани. Полицијата најавува соодветни кривични пријави по документирањето на случаите и ги повикува граѓаните да не возат без дозвола, под дејство на алкохол или за време на активна забрана.

Можеби ќе ве интересира

15 ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата привела 11 лица низ Македонија

ДЕСК

ВО НОЕМВРИ ПОВТОРНО ДО 23 СТЕПЕНИ – УХМР најавува затоплување, дожд и силен јужен ветер

ДЕСК

НАД 20 ПРИВЕДЕНИ ВО ГОЛЕМА НОЌНА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Затекнати седум малолетници со алкохол, откриени и сообраќајни прекршоци

ДЕСК