Centar.mk
РЕГИОН

САД ги одложија санкциите за Нафтената индустрија на Србија за 30 дена, Вучиќ се пофали

Соединетите Американски Држави (САД) ја одложија примената на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за уште 30 дена, кои се дел од пакет-санкциите на Вашингтон наметнати на рускиот енергетски сектор, чиј дел е и НИС, беше соопштено денеска во Белград на денот кога требаше да стапат во сила рестриктивните мерки.

Претседателот Александар Вучиќ објави документ на „Инстаграм“ за одложувањето и изјави дека „добиле дополнителни 30 дена за Нафтената индустрија на Србија“. Како што изјави, ова е добра вест за граѓаните на Србија.

Вучиќ во својата објава прикачи документ од американското Министерство за финансии со кој ја објавува одлуката.

Санкциите против НИС требаше да стапат во сила во 6 часот утринава. Србија побара одложување на санкциите за најмалку 90 дена./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци во Белград

C +

Драматични сцени по протестот во Белград: Апсења, судири и полициска реакција во центарот

ДЕСК