Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите.

Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на претседателот на државата.

„Преку официјалниот интерен комуникациски систем досега девет амбасадори се известени за завршувањето на нивниот мандат. Во наредниот период се очекува претседателката да ги потпише указите за нивно отповикување“, се вели во соопштението на Министерството.

Нагласија дека целата институционална координација и комуникација, вклучително и онаа со дипломатско-конзуларните претставништва, се одвива исклучиво преку заштитен интерен систем, а не преку електронска пошта.

„Воедно, укажуваме дека во последниот период на социјалните мрежи и во некои медиуми зачестено се појавуваат фабрикувани и неточни фотографии од наводна имејл-комуникација меѓу вработени во Министерството. Со цел расчистување и соодветно процесирање на овие појави, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе достави пријава и побара интервенција од Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи“, велат од МНР повикувајќи ги медиумите да ја проверат автентичноста пред објавувањето на информациите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК