Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер

Наутро со услови за магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а наместа и претежно попладне со услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на слаб краткотраен дожд, наутро со услови за магла. На почетокот на работната недела ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи, на планините и понекаде на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

ДЕСК

Комората на РСМ за приватно обезбедување организира полагање на стручен испит

ДЕСК