Centar.mk
СВЕТ

Северна Кореја: Ако Америка е загрижена за своето копно, треба да престане да се заканува

Северна Кореја соопшти дека САД треба да се откажат од воените закани доколку се загрижени за безбедноста на своето копно, објави државниот медиум „КЦНА“, цитирајќи претставник на севернокорејското Министерство за одбрана.

Во извештајот се цитира шефот на Северната команда на САД кој неодамна ја коментирал способноста на севернокорејските интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ) да стигнат до копното на САД.

Во извештајот се наведува дека Соединетите Држави се впуштаат во конфронтирачко однесување како што е планирањето воени игри со Јужна Кореја и испраќањето нуклеарна подморница на Корејскиот полуостров.

Суверено право на Северна Кореја е да ги подобри своите капацитети за самоодбрана, се додава во извештајот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп жестоко ја нападна Норвешка: „Тоа е катастрофа земја“

ДЕСК

Русите погодија товарен брод во близина на Одеса

ДЕСК

Пукање во близина на универзитет во САД: шест деца се ранети, вкупно 12 лица се повредени

ДЕСК