Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Тргнува исплатата на “Мој ДДВ”: УЈП со важна информација за граѓаните

УЈП излезе со важна информација:

За скенираните сметки во период октомври –
декември кон 496,543 корисници во тек на февруари ќе бидат исплатени над 870 милиони денари по основ на МојДДВ

Во системот на Управа за Јавни Приходи – УЈП, за четвртиот квартал за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци со што не можат да им бидат исплатени средствата.

Корисниците на МојДДВ кои немаат исплата на средствата за претходни тримесечја, треба да проверат дали во апликацијата имаат
оставени точни податоци за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата.

Најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:

Погрешно внесена трансакциска сметка
Внесена трансакциска сметка на друго лице
Наместо трансакциска сметка внесен
број на платежна картичка

Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната.

Законскиот рок за реализација, односно исплата на повратот на МојДДВ за четвртиот квартал е до 28.02.2025 година.

Откако ќе заврши реализацијата на редовниот поврат (четврт квартал), УЈП ќе отпочне и со реализација на средствата за корисниците кои имале неажурирани податоци и немало можност да се исплатат средствата во минатите квартали, велат од УЈП.

Можеби ќе ве интересира

Од полноќ дизелот поскапува за 2, а бензините за 2,5 денари по литар

C +

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Туркије и натаму е една од најпосетените дестинации

ДЕСК

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +