Centar.mk
ЛОКАЛНО

Исчистен сметот на улицата Славејко Арсов на Водно, обезбедени канти на Кале

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар го исчистија сметот од улицата Славејко Арсов, на Водно.

„Акцијата за чистење на смет од центарските улици се одвива без застој. Улицата Славејко Арсов е комплетно исчистена од смет и подигната е хигиената на повисоко ниво. Нашите 120 хигиеничари секојдневно се на терен, работат во две смени со цел обезбедување на чист Центар за сите нас. Им упатувам огромна благодарност што неуморно се вложија во големата акција за чистење којашто трае една недела, откако Град Скопје потфрли. Апелирам до граѓаните да се грижиме за средината, а Град Скопје викендов да го исчисти сметот од улиците кадешто е надлежна за да не се соочиме повторно со истата ситуација од претходниот викенд. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.

Во населбата Кале, обезбедени се шест контејнери за фрлање смет од страна на Општината откако при чистењето и миењето на улиците во едно од маалата на Кале беше утврдено дека имаат само една канта од Град Скопје.

Ги повикуваме граѓаните да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

ДЕСК

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

ДЕСК

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Најавени прекини во повеќе градови и населени места

ДЕСК