Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицкоски најави историско понижување на трудот на здравствените работници

-Денеска Христијан Мицкоски објави историско понижување на трудот на здравствените работници! Неговата најава е за минимално односно историски најниско зголемување од 10% во споредба со досегашниот раст на платите, соопшти СДСМ.

„Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 година, заедно со дежурства се зголемени меѓу 100-160%. по корекцијата на коефициентите од страна на СДСМ.

Основната плата на лекарите специјалисти СДСМ ја зголеми за 40 проценти, на медицинските сестри ја зголемивме помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти. Минатата година во октомври се потпиша и Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници кое требаше да биде над 20% и тоа сега веднаш а не Мицкоски да прави лоша математика.

Здравствените работници заслужуваат почит и плати за достоинствен живот.

Дали целта на Мицкоски му е да ги избрка да работат по странство или по приватните клиники?

Реално а не лажно зголемување е прашање за грижата за здравјето на нашите граѓаните и на целото наше општество но Мицкоски тоа нема капацитет ниту да го разбере ниту пак знаење нешто да преземе.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.