Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Од почетокот на војната во Украина убиени 589 деца, а повеќе од 1.600 повредени

Од почетокот на војната во февруари 2022 година во Украина се убиени 589 деца, а повеќе од 1.681 се повредени, соопшти украинското Јавно обвинителство за малолетници.

Најмногу деца починале во регионите Донецк (598) и Харков (459), а потоа следуваат Херсон (187), Днепропетровск (190), Киев (133), Запорожје (154) и Миколаев (117), пренесува „Суспилна“.

Обвинителството потсетува дека во понеделникот, на 11 ноември, како резултат на гранатирањето на градот Криви Рих во областа Днепропетровск загинаа две десетгодишни момчиња, како и двомесечно девојче, а рането е едно единаесетгодишно момче./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Повлечено предупредувањето за цунами по земјотресот на Филипините

C +

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

C +

Каја Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација

C +