Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Русите уништија цел дел од зграда во Харков, повредени се 24 лица

Руски напад уништи цел дел од станбена зграда во Харков. Пријавени се многу повреди, вклучително и едно дете, објави Киев пост на Х со видео од погодената зграда. Украинска Правда пишува дека 24 луѓе се повредени.

Луѓето можеби се уште се заробени под урнатините, пишува Киев пост. Итните служби се на терен.

Шефот на воената управа на регионот Харков, Олег Синебухов, извести дека на местото на нападот избувнал пожар и дека влезот во зградата е целосно уништен. Оштетени се цивилни возила./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +