Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

Одлуката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да стават буквално крај на преговорите со ЕУ и да ја дотераат земјата во политички ќорсокак е најголемиот успех на оваа Влада во првите 100 дена, соопшти СДСМ.

„Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат право ова го да го прават ниту имаат мандат да ги прекинуваат преговорите. Пострашно од се е што Мицкоски нема план, нема стратегија како оваа држава ќе се развива. Мицкоски ја носи државата во огромен ризик од идни нови блокади, ги билатерализира повторно споровите кои беа решени и намерно ја заглавува Македонија подлабоко во балканската кал.

За жал, Албанија наскоро ќе биде запад за нас. Одвојувањето со Албанија исто така носи огромни ризици и непозната и непредвидлива иднина на джравата.

Со оваа одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +