Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Приведено едно лице за обидот за убиство во Арачиново

-Во врска со кривично правниот настан случен на 29.08.2024 околу 21 часот во с.Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од с.Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во с.Арачиново, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново, соопшти МВР.

-Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ. Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

ДЕСК

СДСМ: Испративме писма до ЕУ по најавата за политики прогон на Мицкоски

ДЕСК

ПРОВОКАЦИЈА ВО ТЕТОВО? Странско знаме закачено пред касарната

ДЕСК