Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

АХВ: Парично казнет земјоделец, наложено му е да ја регистрира дејноста производство на сирење

Соопштение на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ):

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) продолжија со спроведување на редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава.

Поради вршење на нерегистрирана дејност – производство на сирење, неделава во прилепското село Ново Лагово, по спроведен вонреден инспекциски надзор, индивидуален земјоделец – примарен производител на кравјо млеко е парично казнет. Наложено му е да ја регистрира дејноста производство на сирење.

Поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо, во Прилеп, парично е казнет оператор со храна – месарница. Казна е изречена и за одговорното лице во правното лице.

По спроведени вонредни инспекциски надзори на скопскиот зелен пазар Буњаковец, казнети се физички лица поради вршење на нерегистрирана дејност. Нештетно се уништени 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло. Контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК