Centar.mk
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени тешки кражби

-Денеска (08.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода Ф.П. (31) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР.

-Исто така, денеска (08.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06.50 часот во Скопје, на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода В.Д. (33) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба“, извести полицијата.

Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК