Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја замајува јавноста дека буџетот бил во катастрофална состојба како да поминало цунами и затоа ќе немало за покачување на минималната плата. СДСМ за седум години минималната плата ја покачи од 8.000 на 22.000 денари во услови на светска економкса апокалипса. Тогаш беше вистински тешко и беше потребна магија за да се реализираат ветувањата, но на СДСМ работниците му беа важни.
ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за работниците и покачувањето на платите. Една од најдобрите и широко прифатени политики на СДСМ очигледно не е во интерес на Мицкоски, иако ветуваше пред изборите дека ќе се покачува минималната плата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат онаму каде што застанаа, а тоа е поддршка на крупниот капитал на сметка на работниците.
СДСМ во својата програма вети дека до 2025 минималната плата ќе биде 500 евра и за тоа имавме јасен буџетски план што Мицкоски воопшто го немал кога ветуваше брда и долини.
Му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ, кој решил милијардата од Будимпешта да ја троши на непродуктивни инвестиции кои ќе значат одлив на пари, да се посвети на стандардот на работниците кои седум години СДСМ го штитеше во најтешките времиња за нив.