Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да ја оттргне земјата од нејзиниот евроатлантски пат со зборови кои промовираат непријателство и омраза кон европскa Бугарија, наведува Дељан Пеевски од ДПС, цитиран од прес-центарот на партијата, пренесуваат бугарските медиуми.

Според Пеевски, арогантно декларираното одбивање да се имплементира договорот со Бугарија, со кој се бара вклучување на Бугарите во Уставот со измени на основниот закон, е грубо кршење на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Тој потсетува дека пред повеќе од еден месец му се обратил на Мицкоски со предупредување да не се обидува да ја користи Бугарија за своите внатрешно-политички цели. Пеевски наведува дека Бугарија нема да остане рамнодушна на уште една провокација.

Дељан Пеевски очекува сите пратеници во бугарскиот парламент и бугарските пратеници во Европскиот парламент, без разлика на нивната партиска припадност, да не ги игнорираат овие алармантни процеси во соседната земја.

Според него, опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Република Северна Македонија. Оценува дека последиците од таа неодговорност не треба да ги сноси македонскиот народ, туку одговорноста треба да биде на политичарите кои го поткопуваат евроатлантскиот пат на државата, пишуваат бугарските медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

ДЕСК

Николоски: Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани. Инвестираме 5,5 милиони евра само во инфрастрктурата, подобрувањето на животот во Кочани е приоритет за Владата

ДЕСК