Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Заев од Атина: Треба да направиме се што е можно за да ја поддржиме демократска Украина да се одбрани од автократска Русија

„Поддржувањето на Украина во војната против агресорот Русија е војна на вредности. Треба да се направи се што е потребно и да се даде целата поддршка на демократските сили на Украина за целосно да се одбранат од агресивноста на автократска Русија“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека таа одбрана, односно победа на Украина ќе биде победа за цела прогресивна Европа.

„Во спроитвно, пораз во оваа војна на вредности, како таков, нема да биде само на територијата на Украина, туку ќе биде пораз и за слободата и за демократијата“ рече Заев.

Поранешниот премиер додаде дека демократските општества денес треба политички да ги поразат екстремните сили, без разлика дали тие се леви или десни.

„Отпорноста кон тоталитарниот матрикс и едиснтвното на умерените и демократските сили против таквите тенденции се движечка сила на прогресивните општества. Сакам да истакнам дека тоа е важно за одржување на меѓународниот мир и стабилност“ рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК