Centar.mk
СВЕТ

Велика Британија и Франција: Создаваме коалиција за обезбедување на Ормускиот теснец

Обединетото Кралство и Франција работат на формирање коалиција од земји за обезбедување на Ормускиот теснец, еден од клучните патишта за глобална трговија со нафта, изјавија денес британските одбранбени претставници, како што објави Би-Би-Си.

Лондон понуди да организира безбедносна конференција во Портсмут или Лондон во блиска иднина, на која би се развиле конкретни планови. Официјалните лица велат дека секоја мисија ќе бара учество на повеќе морнарици за да се обезбеди безбедноста на трговските бродови. Тие исто така нагласуваат дека секоја можна придружба на танкери би зависила од нивото на закана, кое во моментов е превисоко.

Плановите вклучуваат мултинационално решение со користење на конвенционални и автономни бродови за да се обезбеди безбеден премин и да се елиминира заканата од мини. Официјален претставник на одбраната рече дека верува оти извештаите за поставување мини се точни, но додаде дека водните патишта низ Ормускиот теснец остануваат отворени и дека мал број танкери сè уште минуваат низ нив, пренесуваат медиумите во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК