Centar.mk
СВЕТ

Катар не е цел на напади веќе неколку дена

Катар не е цел на напади веќе неколку дена, но ситуацијата останува многу напната, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџид Ал-Ансари.

На прес-конференција во Доха, тој потврди дека немало ирански ракети или дронови насочени кон Катар од минатиот четврток, но предупреди дека земјата е сè уште „во окото на бурата“, објавува Би-Би-Си.

„Последниот пат кога стоев тука на подиумот, веднаш откако завршив, имаше два напади“, рече Ал-Ансари, додавајќи дека иранските напади врз неговите соседи од Заливот продолжуваат. Тој нагласи дека Катар се спротивставува на какви било напади врз цивилната инфраструктура.

„Нашиот став е одбранбен. Имавме повеќе од 200 напади со дронови. Го задржуваме правото да одговориме. Сè уште не е донесена одлука дали да возвратиме. Повеќе од 90 проценти од нападите се пресретнати“, објасни портпаролот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК