Centar.mk
СВЕТ

Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија, екипажот загина

Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија поради техничка неисправност, а екипажот загина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Во Република Северна Осетија-Аланија, во планинско подрачје, се урна авион Су-34 на руските воздушни сили за време на редовен тренинг лет“, се вели во соопштението, а пренесува РИА Новости.

Се додава дека авионот се урнал во ненаселена област./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена силна бура

C +

Кина и САД се сретнаа на Хаваи: сакаат да го намалат ризикот од воен конфликт

C +

Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун

C +