Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја делови од општините Центар и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе бидат делови од општините Центар и Карпош

– од 08:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од булеварот Партизански одреди, од раскрсница со улицата Ленинова кон раскрсница со булевар Климент Охридски, дел од улицата Наум Наумовски Борче, од улицата Ленинова кон булеварот Партизански Одреди, дел од улица Пиринска во општина Центар.

– од 09:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу Stop & Go во Момин Поток во општина Карпош./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +