Кина и САД минатата недела одржаа „искрени и конструктивни“ разговори за воздушната и поморската безбедност на Хаваи, согласувајќи се дека подобрената комуникација може да ги намали погрешните пресметки и да го зголеми професионализмот, соопшти кинеската морнарица. На состаноците, одржани на 28 и 29 мај, присуствуваа претставници на вооружените сили на двете страни, според соопштението објавено доцна во понеделникот.
Во посебно соопштение од Индо-пацифичката команда на САД се вели дека кинеските воени претставници пристигнале во Хонолулу на разговори насочени кон намалување на ризикот од небезбедни и непрофесионални инциденти.
По самитот во Пекинг
Средбата следеше по самитот меѓу кинескиот претседател Ши Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг минатиот месец и би можела да ги ублажи загриженостите за отсуството на врвни кинески воени претставници од дијалогот Шангри-Ла, регионален форум за одбрана што се одржа во Сингапур за време на викендот.
Во кинескиот главен град, Ши и Трамп се согласија да се стремат кон „конструктивен однос на стратешка стабилност“, кој, според аналитичарите, би можел да постави конкретни ограничувања во интеракцијата на двете сили./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


