13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Членството ме познава, јас сум отворен и во добри односи со сите

Отворен, достапен и во добри односи со членството. Ова се причините зошто Венко Филипче, пратеник и кандидат за претседател на СДСМ смета дека ќе биде избран за челната позиција во партијата.

Трката за прв човек во СДСМ официјално ќе се води помеѓу петмина кандидати. Неврохирургот Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски и Златко Ристовски активист на СДСМ од Битола.

Филипче, во изјава за 360 степени вели дека токму размислувањето на членството и нивните сугестии за како да се подобрат состојбите во партијата се инкорпорирани во неговата програма.

„Мојата идеја и план, мојата визија што ја имам преточено во програмата што ја доставив и која е целосно компатибилна со барањата, сугестиите и забелешките на нашите членови што ги слушнав за време на кампањата за парламентарните избори, е еден систем што сметам дека треба да се имплементира во партијата“, смета Филипче.

На овој начин, додава тој, на секој член ќе му биде дадена почитта и вниманието што ги заслужува дека секоја идеја е важна и треба да биде дел од начинот на кој ќе се води партијата во иднина.

Покрај тоа, Филипче верува дека сите кандидати имаат еднакви шанси, бидејќи членството добро ги познава.

Изборите за претседател на СДСМ се закажани за 30 јуни.

Можеби ќе ве интересира

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

ДЕСК

Герасимовски: Центар беше високо оценета од УСАИД за степенот на транспарентност

ДЕСК

По 61 година учениците во Црешево ќе добијат спортска сала, Јаневска и Стефковски извршија увид во градежните активности

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.