14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Мојата програма се темели на барањата и сугестиите на членовите на СДСМ

Неврохирургот Венко Филипче, кој е и пратеник во Собранието од редовите на СДСМ, денеска и официјално во партиското седиште достави своја кандидатура за претседател на партијата.

Во трката за претседател, како што изјави, Филипче влегува посветено, професионално и ќе ја даде целата своја енергија и знаење за реформирање на СДСМ.

Главниот адут, како што рече, ќе му биде партиската програма што ја предлага, а која е подготвена врз основа на информациите, сугестиите и барањата добиени од членството со кое имал интензивни средби во периодот на кампањата за парламентарните избори.

„Членовите и поддржувачите јасно укажаа што сметаат дека треба да се промени во партијата и сите тие мислења ќе бидат вклучени во програмата. Сакам да упатам порака до гласачите, до членовите на СДСМ дека доколку бидам избран за претседател ќе работам навистина посветено, така како што јас знам, дека резултатите ќе ги видат многу набрзо и дека ќе има позитивни промени какви што бараат самите“, истакна Филипче.

Филипче вели дека денеска е убав ден за демократијата бидејќи СДСМ е единствената партија во која членовите непосредно избираат претседател, наспроти делегатскиот систем, и поради тоа што овој ден означува почеток на реформа во партијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.