Centar.mk
МОЗАИК

Овој чипс наскоро ќе биде забранет

Нема попопуларна закуска од чипсот, но онаа со вкус на сланина наскоро веќе нема да може да се купи.

Парчињата со вкус на чадена сланина ќе бидат забранети ширум Европската унија, откако Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) утврди дека популарните вкусови за вештачки чад може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Имено, ЕФСА објави дека вкусот на чадот е поврзан со генотоксичност, односно способност на хемикалијата да го оштети генетскиот материјал на клетките, пренесува Индекс.

„Промените или мутациите во генетските информации во клетката може да го зголемат ризикот од развој на состојби како што се рак и наследни болести“, објаснуваат тие.

На крајот беше заклучено дека „со ваков тип на токсичност не може да се дефинира безбедно ниво на арома“, па на крајот на април беше донесена одлука за целосна забрана. Секако, забраната за продажба на чипс со вкус на чадена сланина нема да се случи преку ноќ. Периодот на приспособување ќе трае две години во земјите-членки на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Мај носи среќа и пари: три хороскопски знаци влегуваат во златен период

ДЕСК

Дневен хрооскоп за 26-ти април 2026

ДЕСК

Докторот кој „ги враќал пациентите од мртвите“ открил како да се живее 100 години

C +