Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

145 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ ЗА НЕПРОПИСНО ПРЕСТИГНУВАЊЕ – Полицијата открила уште 271 сообраќаен прекршок

Во засилена сообраќајна контрола спроведена на територијата на Македонија, полициските службеници санкционирале 145 возачи поради непрописно престигнување. Дополнително биле регистрирани 271 сообраќаен прекршок од други видови, информира Министерството за внатрешни работи.

Акциската контрола била реализирана на 15 ноември, од 12 до 18 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи. Целта била откривање возачи што преземаат ризични маневри при престигнување и ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

МВР соопшти дека за утврдените прекршоци се преземени законски мерки. Од Министерството најавуваат продолжување на засилените контроли и апелираат возачите да престигнуваат само таму каде што тоа е дозволено и безбедно.

Можеби ќе ве интересира

20 ГОДИНИ АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ – Денеска свеченост со претставници на правосудството и ЕУ

ДЕСК

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА – На 17 ноември 1991 година беа поставени темелите на државното уредување

ДЕСК

ПОЖАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Гори помошен објект во близина на училиште, интервенираат пожарникарите

ДЕСК