Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска одбележува 20 години од основањето. Свечениот настан е организиран во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со присуство на претставници на правосудните институции, Владата, дипломатскиот кор и меѓународните организации.
Најавени се обраќања на директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители Маријана Илиеска и заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.
Јубилејот е посветен на улогата на Академијата во подготовката и професионалното усовршување на судиите и јавните обвинители. Предвидено е доделување плакети и благодарници за придонес во нејзината работа.


