Centar.mk
БИЗНИСПРОМОРЕГИОН

ХРВАТСКА ОД ДЕНЕСКА СО ПОЕВТИНИ ГОРИВА – Бензинот 1,56 евра, дизелот 1,82 евра за литар

Во Хрватска од денеска стапи во сила новата владина уредба за максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Бензинот поевтинува за пет евроценти и чини најмногу 1,56 евра за литар, додека дизелот поевтинува за три центи, на 1,82 евра за литар.

Цената на таканаречениот син дизел е намалена за шест центи, на 1,32 евра за литар. Поевтинува и течниот нафтен гас, а новата пресметка ќе важи седум дена.

Хрватската Влада соопшти дека продолжува со регулирањето на највисоките цени на горивата. Иако истовремено се зголемени одредени акцизи, конечните максимални продажни цени се пониски од претходната недела.

Можеби ќе ве интересира

ГОРИВАТА ПОЕВТИНИЈА ВО ЦРНА ГОРА – Бензинот за седум центи, дизелот за три, познати се новите цени

ДЕСК

ДЕНЕСКА ГОЛЕМИ СООБРАЌАЈНИ ОГРАНИЧУВАЊА ВО ГРЦИЈА – Маршеви во Атина и Солун, затворени улици и метро-станици

ДЕСК

НОВИОТ ПАРЛАМЕНТ НА СРБИЈА ДЕНЕСКА НА ПРВА СЕДНИЦА – Пратениците треба да изберат собраниско раководство

ДЕСК