Во Грција денеска се одбележуваат 53 години од студентското востание на Политехнио во 1973 година. Во Атина е предвиден традиционалниот марш кон американската амбасада, а полицијата распоредила повеќе од 5.000 службеници и вовела обемни безбедносни мерки.
Во центарот на Атина важат забрани за паркирање и постепено затворање на улиците, а од 14 часот е најавено и затворање на три метро-станици. Во Солун сообраќајните ограничувања треба постепено да започнат од 16 часот, со измени и на дел од автобуските линии.
За граѓаните од Македонија што денеска патуваат во Грција особено се значајни мерките во Солун. Грчките сообраќајни служби препорачуваат избегнување на централните градски улици за време на собирите.


