22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Започнува новата сезона од Договорното производство на бессемена лубеница – загарантирана цена и пласман

Започнува новата сезона од Договорното производство на бессемена лубеница во организација на компанијата „Fresh line“. Договорите со земјоделските производители за површина близу 60 хектари се веќе склучени, пласманот е обезбеден, а неделава стигнува и првиот расад за земјоделците од Валандовско – Гевгелискиот регион.

-Неделава пристигнува расадот од Грција за површините во Валандовско – Гевгелискиот регион со кои стартува Договорното производство на бессемена лубеница за сезона 2024. Охрабрени од ланската година која беше успешна и мотивирачка како за нас така и за земјоделските производители, продолжуваме уште посилно оваа година. Договорите ги склучивме, обезбедивме авансно расад или семе за производителите, експертска помош на терен и загарантирана минимална цена, а лубениците ќе ги откупуваме по актуелни цени кои ќе бидат во време на берба – изјави за Агротим Борис Шуперски од „Fresh line“.

За Проектот Договорно производство на бессемена лубеница имаше голем интерес од страна на земјоделските производители благодарение на информираноста од страна на Агротим и поддршката од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ во целокупниот процес. Во проектот ќе се вклучат земјоделски производители од Струмичко и Штипско како и од Валандовско – Гевгелискиот и Пелагонискиот регион.

Најчестите прашања на заинтересираните земјоделци беа околу условите на производство и откупната цена.

-Ланската година поминавме добро, се што произведовме беше со одличен квалитет, земјоделците беа задоволни, тоа што го договоривме се испочитува. Производителите се уверија дека производството на бессемена лубеница не е поразлично од семената лубеница. Годинава како и лани нудиме договори со производители каде што вкупното производство ќе биде откупено со заштитина цена – изјави Борис Шуперлиски од „Fresh line“.

Договорното производство е најдобриот модел за секој земјоделец бидејќи на тој начин се решава најголемиот проблем – пласманот на земјоделските производи. За откупувачот тоа значи сигурна суровина, а за државата зголемено домашно производство на храна, зголемен извоз и можност за нови работни места.

Извор: agrotim.mk/Brif.mk