Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев: Началникот на СВР Тетово е исклучителен професионалец и ја познава ситуацијата од полициска гледна точка

„Сегашниот началник на СВР Тетово е исклучително професионален човек, порано беше помошник директор. Мислам дека началникот ја познава ситуација од полициска гледна точка, го познава теренот и мислам дека одлично ќе ги менаџира изборите таму“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан во врска со најавата на техничкиот министер Панче Тошковски дека во Тетово и Гостивар ќе има зголемено присуство на полиција на изборниот ден.

Тој додаде златната команда за распоредување на полициски службеници има директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, кој досега нема издадено таква наредба, за распоредување полиција.

„Тој ги носи одлуките, со колкаво присуство на полиција и каде ќе има. Доколку се појават информации кои локалниот штаб ќе ги прати до централниот од било кој град ќе се донесе одлука и ќе има засилено полициско присуство“ рече Бојмацалиев.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК