Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Сите бевме потресени од убиството на Вања, внатрешната контрола нарачана од Тошковски покажа дека нема неправилности во истрагата

„Во тој случај сите бевме потресени, тоа е еден таков немил настан што во последните 30 години не паметиме како граѓани, но во целата таа неубава случка која се случи македонската полиција постапи професионално, навремено и брзо“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан во врска со убиството на Вања.

Тој додаде дека во рок од неколку дена беа спроведени и нарачателите и луѓето кои го спроведувале.

„Ова што го зборувам не е од политичка гледна точка или некого да бранам ова го зборувам и по извештајот кој го нарача Панче Тошковски во внатрешна контрола. Знаете дека тој нарача ревизија на целиот случај и ние обелоденивме во јавноста мислам дека беше пред 2 недели дека против никој никој од колегите нема дисциплински прекршок“ рече Бојмацалиев.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК