Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Озеленување на повеќе локации во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден и оваа година ја спроведува акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамките на оваа акција се садат садници во урбаните делови на Општина Илинден на повеќе локации. Ќе бидат засадени вкупно 50 виско квалитетни листопадни дрвца.
Досега се садеше во рамки на паркот во Дељадровци, кај амбулантата во Миладиновци како и во рамки на паркот во Миладиновци. Во наредниот период акцијата ќе продолжи во локалитетот Јака, покрај пешачко рекреативната патека Марино-Кадино, како и кај детското игралиште во Мршевци.

Во садењето на дрвцата учествуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој рече дека целта на проектот „Зелена Општина Илинден“ е да се озеленат повеќе јавни површини и заеднички да ја подигнеме еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки ќе ги чувствуваме сите ние но и генерации по нас.

Покрај засадените садници во паркот во населено место Дељадровци се врши и уредување на просторот со павер елементи. Такашто постепено и овој дел од Општината станува уреден простор за одмор и рекреација.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возниот ред од ЈСП Скопје кој започнува со стартот на 2026-та година

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје – Европска престолнина на културата 2028

C +

Герасимовски: Започна големата целодневна предновогодишна забава во Центар

ДЕСК