15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Проектот „Земи бројче” во Куманово е истиот проект во пунктот „Пролет” со укинатото „прв дојден, прв услужен”

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за Сител беше запрашан за новиот пилот проект на МВР Земи бројче кој стартуваше денеска во Куманово, дали всушност е истиот проект како укинатиот во полициската станица „Пролет”.

„Денеска во Куманово е пуштен пилот проект прв дојден прв услужен би кажал, со земање на соодветно бројче. Инаку, тој проект е разговаран помеѓу двајцата поранешни министри за информатичко општество и внатрешни работи, не е сега договорен. Убаво е што стартуваше тој проект. Како што споменавте, тоа е нешто исто како во „Пролет”, прв дојден, прв услужен, кој за жал од страна на ова раководство од министерот беше укинато и повеќе не е во функција. Уште еднаш се потврдува тезата дека тој проект бил добар со отвoрањето на ова во Куманово. Инаку управните служби се во одлична кондиција таму, бидејќи се реновирани и пуштени во употреба во овој мандат”, рече Бојмацалиев.