Centar.mk
фото илустрација / аи
ЛОКАЛНО

Апел од СВР Струмица: Не палете стрништа – закана од пожари!

Апел од СВР Струмица: Не палете стрништа – закана од пожари:

Се наоѓаме во период од годината кога земјоделците ги припремаат своите земјоделски површини за сеидба, при што палат стрништа, меѓи, плевел и други отпадоци. Во минатото бевме сведоци на многу појави кога ваквото неконтролирано палење беше причина за настанување на пожари, со кои се предизвикуваа штети на имотот на граѓаните.
Токму поради наведеното Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани :
– да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;
– да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
– да не се врши палење на отпад или друг горлив материјал;
– да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

СВР Струмица потсетува дека предизвикувањето на пожар, намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК