Centar.mk
фото Град Скопје
ЛОКАЛНО

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека интензивно продолжуваат градежните активности за воспоставување на градски воз на релација Драчево кон центарот на Скопје, кој ќе овозможи значително побрз и поефикасен јавен транспорт за граѓаните.

Во рамки на проектот се врши рехабилитација на железничката делница Транспортен центар Скопје – Зелениково, во должина од околу 25 километри. Активностите опфаќаат целосна модернизација на пругата, вклучително и замена на дотраените елементи, унапредување на техничките карактеристики и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Со реализација од околу 65%, проектот веќе влегува во напредна фаза и претставува важен чекор кон воспоставување на модерен, ефикасен и еколошки јавен транспортен систем. Градскиот воз ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, скратување на времето на патување и подобрување на квалитетот на воздухот.

Градот Скопје останува посветен на развој на интегриран транспортен систем, кој ќе обезбеди поврзан и функционален јавен превоз за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК