16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Николовски: За 2024 година планираме раст на БДП од 3,4% и над 700 милиони евра за капитални инвестиции

Растот за 2024 година е проектиран на 3,4 проценти на Бруто домашниот производ и тој раст е остварлив, рече во гостување во програмата на Слободен печат, заменик министерот за финансии, Филип Николовски.

Тој, за оваа 2024 година најави и реализација на 700 милиони евра капитални проекти, главно во инфраструктурата.

„Годинава имаме проектиран раст од 3,4% и тоа најмногу се должи на инвестициите во приватниот сектор, поддржани секако од капиталните инвестиции од страна на државата, нормално потрошувачката и секако извозната компонента и тој проектиран раст на БДП е достижен. Минатата година имавме рекордна реализација на капитални инвестиции од 708 милиони евра, или вкупно за 2022 и 2023 година иако беше криза имаме реализација од 1,2 милијарди евра, така што со таа динамика ќе продолжиме. За оваа година очекуваме над 700 милиони евра, најголем дел се во инфраструктурата, во Коридорот 8 и Коридорот 10, како и железничките траси од коридорите и за тоа се предвидени речиси половина од тие 700 милиони евра“ посочи Николовски.

Николовски најави дека откако минатата година биле завршени административните процедури, оваа година треба да започна теренска реализација на клучни инфраструктурни проекти на коридорите 8 и 10Д.

„Тука динамиката веќе треба да се забрза и од оваа година ќе гледаме повеќе машини на терен на коридорите и ќе се пробиваат, траси, бидејќи она што беше проектирање и експропријација е заврешено некаде 70 некаде 80 проценти“ истакна заменик министерот за финансии.