Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази незадоволство од американскиот пристап во преговорите за завршување на војната, оценувајќи дека Вашингтон треба да изврши посилен притисок врз Москва.
Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски го критикуваше и начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп јавно ги опишува своите односи со рускиот претседател Владимир Путин.
Вашингтон, од друга страна, го образложува одржувањето на контактите со Москва како дел од дипломатските напори за постигнување договор.


