Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Изградивме и обновивме 82 градинки

-СДСМ изминативе години стави силен фокус на подобрување на условите во постоечките градинки, но и изградба на нови низ целата држава, соопшти СДСМ.

„Од 2017 година до денес, отворени се или реконструирани вкупно 82 градинки низ целата држава.

Со тоа опфатот на дечиња во градинките се зголемен за над 8.000.

Ова се ова сериозни достигнувања, тоа не се само бројки, тоа се реални придобивки, реална, вистинска поддршка за семејствата, за родителите, како и влог во економијата и целокупниот развој на државата.

Покрај инвестициите во објектите, СДСМ изминатиот период вложуваше и во вработените во градинките.

Обезбедивме континуиран раст на платите на воспитувачките, чии примања од 2017 година до денес се зголемени за над 80 отсто, додека за негувателките зголемувањето е речиси 90 отсто.

Во истот период за над 100 отсто се покачени примањата на помошно-техничкиот персонал во градинките.

СДСМ вистински се грижи за децата, за нашите најмлади и најмили и за сите граѓани.

Политиките на СДСМ обезбедуваат повеќе за сите.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +