Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

Националното студентско тело побара дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од сегашните 140 на приближно 180 денари, посочувајќи дека растот на животните трошоци ја намалил куповната моќ на студентите.

Во анкетата во која учествувале околу 7.000 студенти, 97 проценти од испитаниците поддржале зголемување на месечниот износ на 4.500 денари. Речиси четири петтини се изјасниле за задржување на постојниот модел со платежни картички.

Студентските претставници очекуваат институциите да го разгледаат нивното барање во рок од седум дена и да преземат конкретни чекори во рок од две недели. Во спротивно, најавуваат можност за организирање протести.

Можеби ќе ве интересира

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

ДЕСК

УЈП и МЗ: Одговорно управување со јавниот имот во функција на здравствениот систем

ДЕСК

Исмаил: ДПМНЕ ги претвори брзите кредити во бизнис со сиромаштијата – 48 милиони евра нови задолжувања за само шест месеци

ДЕСК