Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

225 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 225 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 113 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

ДЕСК