Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ништо од најавите на ДПМНЕ, Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со издавање пасоши

-Ништо од најавите на ДПМНЕ. Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ Тошковски призна дека неможе да го реши проблемот со издавањето пасоши, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши.

Од прв ден како влегоа во техничката Влада одеднаш ништо не важи.

Одеднаш ништо од законот, одеднаш МВР рабоело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција.

Ништо не се менува во ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК