Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, се што кажа Мицкоски излажа

-ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Се што кажа Мицкоски излажа. Целата јавност добро се сеќава на изјавата на Мицкоски од лидерската средба. Прифаќаше се’ под единствен услов: ДУИ да не биде дел од Владата. А сега ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Мицкоски излажа, велат од СДСМ.

„Нека излезе сега пишман аџијата Мицкоски и нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови зошто ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во Влада со ДУИ.

Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука, дефинитивно не знае што со себе, ниту со партијата.

Министрите на ДПМНЕ не знаеа што да прават, дел присуствуваа на конститутивната седница на техничката Влада, дел побегнаа.

Ништо не е променето во ДПМНЕ. Во оваа партија едно се говори, друго се мисли, трето се прави.

На Мицкоски не може да му се верува.“ – се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

ДЕСК

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

ДЕСК