24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Со голема забава се прослави 30-от роденден на Виталиа

Македонската компанија за здрава храна Виталиа синоќа гламурозно го прослави својот 30-ти роденден. Големиот јубилеј беше одбележан со голем настан одржан во хотелот Double Tree Hilton, исполнет со музика, забава и коктели за гостите, кои уживаа во славеничката атмосфера.

Душата на забавата беа гостите, кои пристигнаа во голем број и меѓу задоволните лица можеше да се видат препознатливи лица од општествениот живот, медиумската сфера, соработници и партнери на Виталиа.

Роденденската забава започна со проекција на краток филм преку кој Виталиа го претстави 30-годишното патување од мала семејна компанија до она што претставува сега – симбол за здрава храна во Македонија, регионот и пошироко.

Потоа следеше кратко обраќање од основачот Никола Ветаџокоски, кој ја најави „втората генерација на сопственици“, Искра Ветаџокоска-Муцунска и Димитар Ветаџока, ко-сопственици и управители на Виталиа. Тие го истакнаа своето задоволство за големиот број присутни кои се собраа да го прослават овој посебен јубилеј и притоа напоменаа дека со секоја измината година се зголемува и семејството на Виталиа, глобалното семејство кое во 2023 година допира до повеќе од 60 пазари на пет различни континенти.

Пред 30 години кога ја основавме компанијата си поставивме неколку битни задачи: прва беше да ги запознаеме македонските потрошувачи со новите трендови во развојот на здравата храна, да го снабдиме пазарот во македонија со истите и да ги едуцираме потрошувачите за корисноста и начинот на употреба на така наречената здрава функционална храна.

Од тие причини веднаш започнавме со едукативни активности издавајќи милионски тиражи на лифлети, каталози и едукативни написи во сите јавните гласила. Оваа едукативна кампања трае и ден денеска.  А резултатите се одлични и видливи. Новите генерации веќе применуваат нови прехранбени навики и го менуваат својот животен стил. “, изјави Никола Ветаџокоски, основач и претседател на управниот одбор на Виталиа.

Опуштената атмосфера која ја создаде џез квартетот кој ги пречека гостите се пренесе и во остатокот од вечерта, а резултираше во мирен, но впечатлив настан, достоен за големиот јубилеј кој го прославува Виталиа. Роденденската прослава кулминираше со појавувањето на популарната македонска пејачка Тамара Тодевска, која на сцената ги изведе некои од нејзините најголеми хитови и ја заокружи вечерта со врвно музичко искуство за гостите.

Виталиа ја испраќа 2023 како една од најуспешните години во нејзиното постоење, со воведување на многу нови производи и иновативни линии на здрава храна, инвестиции во одржливост, и проширување на нови пазари од различни контитенти и бројни капитални инвестиции примарно насочени кон иднината на компанијата.

Оваа година Виталиа ја организираше и првата Детска трка, на која преку 1.200 деца трчаа заедно и им кажаа „Здраво на здравите навики“. Со организација на оваа Детска трка, со цел да прерасне во традиционален настан кој ќе носи радост и во годините кои доаѓаат, компанијата уште еднаш ја потврдува својата заложба за здрав живот. Под мотото 30 години Здрава Храна за Здрави Генерации, целта на оваа трка беше да ги активира децата и да им ги покаже придобивките од стекнувањето на здрави навики уште од најмала возраст.

Оваа 2023 година Виталиа комплетираше цели 30 години постоење на пазарот. Цели три децении по основањето, Виталиа претставува синоним за здрава храна и здрав живот, кој во годините кои изминаа успеа да ги задоволи потребите не само на домашните потрошувачи, туку и на оние од преку 50-те земји каде што ги извезува своите производи.