Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Северна Македонија е единствена во регионот и Европа со пад на цените на храна од 4,36%

Поради енергетската криза, како и војната во Украина, растат цените на храната на светските пазари што се отсликува со зголемени цени на прехранбени производи и зголемена инфлација во регионот и Европа.

Навремено преземените мерки на Владата, како замрзнување на трговски маржи во трговијата, намалување на стапката на ДДВ од 10% на 5% кај основните прехранбени производи, субвенционирањето на електричната енергија на производителите на прехранбени производи, како и замрзнувањето на цените на основните производи во маркетите кои се со „гарантирана цена“, даваат реални резултати.

Поради сето ова, во октомври имавме пад на инфлацијата на 3,5%, од рекордните 19,8 во октомври минатата година. А денеска угледниот сајт www.tradingeconomics.com, забележува дека Северна Македонија е единствена во регионот и Европа со пад на цените на храна од 4,36%.

За споредба, во непосредното опкружување и регионот, Србија бележи раст на цените на храната од 10,5%, Албанија 7,8%, Бугарија 7,6%, Грција 9,93%, Косово 3,9%, Црна Гора 3,8%, Хрватска 8,7%, Романија 8,66%, Босна и Херцеговина 6,24%, Турција 71,99%, Словенија 7,32%.

Земено пошироко, Обединетото Кралство има раст на цените на храната од 10,1%, Германија 6,36%, Франција 7,8%, Италија 6,5%, Шпанија 9,5%, Холандија 7,8%, Белгија 9,46%, Австрија 8,36%, Чешка 3,7%, Полска 8%, Словачка 9%, Португалија 4,35%, Литванија 5,6%, Латвија 4,3%, Шведска 6,63%, Норвешка 8,54%, Швајцарија 3,3%, Ирска 7%, Исланд 11,7%, Финска 4%, Естонија 6,7%, Кипар 5,46% итн.

Ова е уште една потврда дека оваа Влада се грижи за граѓаните и граѓанките на оваа земја и дека прави максимални напори во борбата со растечките цени на храната на светските пазари со цел да го заштити животниот стандард, и истиот во исто време да го унапреди преку константно зголемување на пензиите, и на минималната плата, истовремено креирајќи поволна и предвидлива бизнис клима каде растот на платите во приватниот сектор ќе продолжи и понатаму.

Дополнително, со носење на новиот Закон за нефер трговски практики, ќе се ограничат појавите на волунтаристички и неетички бизнис практики, кои дополнително ќе ги заштитат граѓаните. – објави вицепремиерот Битиќи на своите социјални мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК