24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се апсеше на повеќе локации низ Македонија, полицијата откри детали

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11.2023) бил лишен од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”. Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило. По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, “одземање на патничко моторно возило”.

На 03.11.2023 во 19.35 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода лице од Охрид. По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја. По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја. Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.11.2023 во 21.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода лице(22) од лице(24), двајцата од Кавадарци, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.11.2023 во 16.30 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода лице(40) од Р.Албанија, поради тоа што при извршена проверка било констатирано дека се бара по потерница распишана од Интерпол-Грција. Тој бил задржан во Полициска станица Струга, по што од страна на Основен суд Струга му била определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во КПУ Затвор Охрид.

На 03.11.2023 во 22.20 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњска крстосница, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода лице(49) од с.Мердита, гостиварско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.11.2023 во 23.05 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Малку подоцна, во координација со ОЈО Тетово бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетничката и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.