21.8 C
Скопје
1. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

(ВИДЕО) Ново масовно пукање: 18 повредени, Двајца загинати

Две лица загинаа, а 18 завршија во болница по новото масовно пукање во Америка што се случи за време на прославата на Ноќта на вештерките на Флорида.

Престрелката се случила во градот Тампа, во областа позната како Ибор Сити, кога на улицата дошло до судир меѓу две вооружени групи луѓе, каде имало стотици минувачи.

Престрелката избувнала околу три часот по полноќ во областа на градот позната по големиот број барови и ноќни клубови.

Престрелката предизвика стампедо, во кое голем број луѓе беа повредени и хоспитализирани.

Уапсен е еден осомничен, додека полицијата истражува за колку лица станува збор и зошто дошло до престрелката.